ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ – ПРОМЕНА НА ЛОКАЦИЈА ЗА ЈАВНА РАСПРАВА ВО КОЧАНИ

Ја известуваме заинтересираната јавност дека локацијата за одржување на јавна расправа во однос на Предлог Одлуката за прогласување на Осоговски Планини за заштитен предел во Кочани е променета поради можност од неповолни временски услови.

Јавната расправа Кочани ќе се одржи на 18.08.2020г. на локација Спомен дом на АСНОМ, во 18 часот.