Согласно член 101 од Закон за заштита на природата (“Сл. весник на РМ”, бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11 , 59/12, 13/13 , 163/13, 41/14, 146/15, 39/16, 63/16 и 113/18), ЈНУ “Институт за старословенска култура” – Прилеп, како субјект кој управуава со Споменикот на природата “Маркови Кули” и Министерството за животна средина и просторно планирање, на ден 31.01.2020 година (петок) во 12.00 часот, во собраниската сала на општина Прилеп ќе одржат Јавна расправа по нацрт Планот за управување со Споменикот на природата “Маркови Кули” – Прилеп
Со вашето учество на престојната Јавна расправа очекуваме, од аспект на вашите надлежности, да партиципирате и да допринесете во процесот на донесување на овој документ кој е од особено значење за остварување на заштитата и управувањето со Споменикот на природата “Маркови Кули”.
Линк до нацрт план за управување со Споменикот на природата “Маркови Кули” – Прилеп