Ве информираме дека министерот Насер Нуредини утре, на 18.12.2019г. (среда) во Клубот на пратеници во Скопје, во 10:30 часот ќе даде изјави за медиуми во врска со одлуката за престанок на употреба на производи кои се спакувани во пакување за еднократна употреба, како и пластика во органите на државната управа и во врска со двете јавни расправи по однос на шесте нови предлог законски решенија за управување со отпад.
Веднаш по пресот, во 11 часот, ќе се одржи втората јавна расправа наменета за претставници на локалните самоуправи и граѓански здруженија.
Ве покануваме со ваши екипи да го проследите настанот.