Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира заинтересираната јавност дека Нацрт верзиите на новите закони од областа на управувањето со посебните текови на отпад: Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Закон за управување со дополнителни текови на отпад во системот за проширена одговорност на производителот се достапни на веб страницата на Министерството на следниот линк https://bit.ly/37KoGET .
Во правец на обезбедување на пристап и учество на јавноста при донесување на закони Министерството за животна средина и просторно планирање ќе организира две јавни расправи и тоа на 17.12.2019г. во Стопанска Комора на РСМ и на 18.12.2019г. во Клуб на органите на државната управата.