Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека е изработен Нацрт – Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Согласно постоечката законска регулатива (Законот за животна средина, Законот за управување со природно и културно наследство на Охридскиот регион и Архуската конвенција) Планот е достапна за увид и јавна консултација на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање https://arhiva.moepp.gov.mk/?page_id=3194
Мислењата по истиот можат да се достават до Министерството како орган на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 60 дена од објавувањето на електронската адреса:
infoeko@moepp.gov.mk или skj.mzspp@gmail.com .
Во рамки на консултативниот процес, на почетокот на ноември 2019 г. ќе биде организирана и јавна расправа за што јавноста ќе биде дополнително известена.