Почитувани, Ве известуваме дека на 01.04.2019г (понеделник), државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска ќе го отвори 24-тиот состанокот на советодавниот комитет на Договорот за заштита на популациите на европски лилјаци (EUROBATS), во Скопје. Почетокот на состанокот кој ќе се одржи во х. Холидеј Ин во Скопје, е закажан за 09.30 часот, а ќе трае и во текот на наредните два дена. Договорот е потпишан во рамки на Конвенцијата за заштита на миграторни видови на дивите животни. Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.
Соопштение за јавноста
март 29, 2019