Почитувани,
Ве информираме дека утре на 22 март 2019 година, по повод Меѓународниот ден на водите, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули ќе се приклучи на акцијата на подводно чистење на езерото Матка.
Активностите на членовите на Спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и Нуркачкиот клуб „Пена“ ќе се одвиваат во езерото пред манастирот Св.Андреа, а членовите на ЗГ„Натива“- Матка и ЗГ„4 СЕЛЕКТ“ ќе го чистат појасот долж кајакарската патека и од страната на патеката која води кон манаситрот Св. Никола Шишевски.
Акцијата ќе започне во 10 часот, а изјави за медиуми ќе бидат дадени во 11 часот на локација пред манастирот Св.Андреа.
Активностите се поддржани од Проектот “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” кој е финансиран од Европската Унија, преку ИПА 2 – Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција 2014-2020, кој го спроведува МЖСПП во соработка со УНДП.
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.