Ве информираме дека утре, на 26.01.2019г. (сабота) заменик министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули ќе учествува во панел дискусијата на тема “Како до зголемување на електромобилноста”, која е дел од активностите во рамки на “Денот без возила на фосилни горива”. Настанот што е во организација на ПроКредит Банка, ќе се случува на неколку локации пред и во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во периодот од 12.00 до 14.00 часот.
Панел дискусијата ќе се одржи во конференциска сала СЦ Борис Трајковски, со почеток во 13.00 часот, а свои излагања ќе имаат и Стефан Богоев, градоначалник на општина Карпош, Емилија Спировска од Управниот Одбор на ПроКредит Банка, како и претставници од Порше, ЕВН, Електромобилност Македонија и МЕПСО.
За времетраењето на настанот, дел од улиците покрај СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат трансформирани во Зелени улици, во чии рамки ќе може да поминуваат и паркираат само електрични и хибридни возила, а истовремено, на паркингот до Аква паркот пред Спортскиот Центар ќе биде организирана едукативна изложба на голем број поддржувачи на електромобилноста. Компании како ПроКредит Банка, Порше, Тојота, ЕВН, МЕПСО, Хамачи, Са-Тра, Т-мобиле и Фибернет ќе ги презентираат своите електрични/хибридни возила, како и опремата за нивно полнење и ќе ги споделат сопствените искуства од нивната примена.
Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.