28.01.2019. Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за култура ја известуваат јавноста дека организираат Jавна расправа по Предлог Законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, која ќе се одржи на 01.02.2019 година (петок) во Младинскиот културен центар (Кино „Фросина“) во Скопје со почеток во 12 часот. Предлог законот е достапен на веб страниците на двете министерства.