Ве информираме дека утре, на 24 декември 2018г. (понеделник), заменик министерот за животна средина просторно планирање ЈаниМакрадули ќе се обрати на работилницата за дефинирање на предлог граници и зони за формирање на заштитено подрачје Осоговски Планини.
Целта на работилницата е разгледување на предлогот за заштитено подрачје Осоговски Планини заедно со сите клучни засегнати страни и дефинирање на следни чекори.
Работилницата ќе се одржи во х. „Холидеј Ин“ со почеток во 11:00 часот.
Ве молиме со ваши екипи да присуствувати на настанот.