Ве информираме дека заменик министерот за животна средина просторно планирање ќе присуствува и ќе зборува на големата министерска конференција: „Иновативни решенија за намалување на загадувањето во Југоисточна и Јужна Европа“, која на 4ти и 5ти декември ќе се одржува во Белград. Конференцијата е во организација на Министерството за заштита на животната средина на Република Србија во партнество со Програмата за заштита на животната средина на ОН, и со поддршка на Министерството за заштита на животната средина, копното и морето на Република Италија и има за цел изнаоѓање на заеднички начини и мерки за спречување на загадувањето во овој дел на Европа.
Соопштение за јавноста 03.12.2018 год.
декември 03, 2018