Соопштение за јавноста 09.11.2018

Почитувани,

Ве информираме дека утре, на 10.11.2018г. (сабота) заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, ќе одржи прес за новите измени на Законот за возила со кој се воведуваат еколошки налепници, субвенции за електрични и хибридни возила и нивното позитивно влијание врз еколошките стандарди.

Почетокот на настанот е закажан во 12.30 часот на локацијата Кале (со видик на булевар и движење возила).

Ве молиме со ваши екипи да присуствувате на настанот.