Ве информираме дека на 26 септември 2018 г (среда), свечено ќе биде пуштена во употреба пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија. На настанот ќе присуствуваат премиерот на Република Македонија Зоран Заев, амбасадорите на Швајцарија и на Грција, Н.Е. Сибил Сутера Техада и Н.Е. Димитрис Јанакакис, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Гевгелија, Сашко Поцков и други видни гости.
Настанот е со почеток во 10:30 часот на локација на пречистителната станица.
Ве покануваме со Ваши екипи да присутвувате на настанот.