Ве информираме дека утре, на 18.07.2018 г. (среда) министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки ќе се обрати на настанот по повод официјалното пуштење во употреба на пречистелната станица за третман на урбани отпадни води во Радовиш финансирана во рамки на ИПА програмата.
Настанот ќе започне во 10:00 часот на локацијата каде е изградена пречистителната станица.
Обраќања ќе имаат и претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, евроамбасадорот, Самуел Жбогар, министерот за финансии, Драган Тевдовски и градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.