Министерството за животна средина и просторно планирање – Секторот за просторно планирање, согласно своите законски надлежности и обврски, организира Стручна расправа по Просторен План за Национален Парк Пелистер– Нацрт план и Јавна расправа по Извештај од спроведена Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина од спроведувањето на Просторен План за Национален Парк Пелистер – Нацрт-извештај.
Стручната и јавната расправа се спроведуваат во една пригода, во интерес на времето и рационалноста во работата, заради подобро следење и споредба на двата документа.
Расправата ќе се одржи во просториите на Инфо Центарот на Националниот Парк Пелистер, на 22.06.2018 год., со почеток во 11:00 часот.
Вашето учество во расправата ќе биде од особено значење во конечното дооформување на Планот и Извештајот, како би се добиле колку што е можно поквалитетни финални документи.
Двата документа се јавно достапни на web-страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во интерес на поголема достапност на документите до целата заинтересирана јавност, ги замолуваме општините кои припаѓаат во опфатот на Националниот Парк Пелистер, како и Националниот Парк Пелистер, да ги преземат овие документи и заедно со оваа Покана и информациите за Расправата јавно да ги објават на своите web-страни.
Сите Ваши евентуални мислења, забелешки, предлози, коментари и прашања по однос на двата документа можете да ги доставите и писмено на адреса на Министерството за животна средина и просторно планирање: Бул. “Гоце Делчев” бр. 18 (зграда на МРТВ, 10-ти кат), 1000 Скопје, или пак во електронска форма на e-mail адреса на координаторот за изработка на Планот:d.markovska-risteska@moepp.gov.mk (најдоцна до 18.06.2018 год.)
Во очекување на Вашето присуство, Ви благодариме за соработката.