Почитувани,
Ве информираме дека министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки заедно со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар и постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Луиза Винтон на 08.06.2018г. (петок) ќе бидат во работна посета на Националниот парк Пелистер.
Во рамките на посетатаќе бидат промовирани институциите кои добија грантови во рамките на проектот „Управување со заштитените подрачја“ меѓу кои е и НП Пелистер, како еден од осумте проекти за големи заштитени подрачја.
Изјави за медиуми ќе бидат дадени во 11.30 часот во Информативниот центар на Националиот парк.
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.