Соопштение за јавноста

Почитувани,

Ве информираме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе се вклучи во акцијата за чистење на езерото Козјак, која по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја, Министерството за животна средина и просторно планирање здружението „Гоу Грин“ и фондацијата „ЦНВП Македонија” ќе ја спроведат во недела на 22 април 2018г.

Во акцијата се приклучија и Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Агенцијата за млади и спорт, Општина Македонски Брод со комуналното претпријатие, ЈП „Јасен“, Асоцијацијата на колективни постапувачи со отпад, Црвен Крст на Македонија, кајакари, нуркачи, планинари, грагански здруженија и претставници од дипломатскиот кор.

Изјави за медиуми ќе бидат дадени во 11:30.