Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека во рамките на проектот “Поддршка на Република Македонија за развој на Национален акциски план усогласен со 10-годишната Стратегија на Конвенцијата на ОН за борба против опустинување (UNCCD) и процесот на известување кон Конвенцијата”, кој го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) од Виена, со финансиска поддршка на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), изработен е Национален акциски план за борба против опустинување во Република Македонија (нацрт верзија) и Извештај за стратегиска оцена на животната средина од реализацијата на Планот (нацрт верзија).
Подготвените документи се достапни за јавен увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, како и во канцеларијата на контакт лицето за Конвенцијата за борба против опустинувањето (канцеларија бр. 1022) при Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста, Министерството за животна средина и просторно планирање организира јавна расправа по Нацрт документите на ден 03.05.2018 година (четврток) во просториите на хотел „Буши, ресорт и спа“, ул. „Ќурчиска“ бр. 21 (стара чаршија), Скопје, во 14 часот.
Контакт лице:
Министерство за животна средина и просторнио планирање
бул. “Гоце Делчев” бр. 18, 1000 Скопје
Весна Индова Точко – Раководител на одделение за координација и техничко спроведување на ИПА, Сектор за Европска Унија
бул. “Гоце Делчев” бр. 18, 1000 Скопје,
тел: 076446916;
е-маил: v.indova@moepp.gov.mk