ЈАВЕН УВИД во врска со Националниот акциски план за борба против опустинување во Република Македонија (нацрт верзија) и Извештајот за стратегиска оцена за животната средина (нацрт верзија)

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/2015, 129/15, 192/15 и 39/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање организира

                                                                   ЈАВЕН УВИД
во врска со Националниот акциски план за борба против опустинување во Република Македонија (нацрт верзија) и Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (нацрт верзија)

Се известува засегнатата јавност дека во рамките на Проектот “Поддршка на Република Македонија за развој на Национален акциски план усогласен со 10-годишната Стратегија на Конвенцијата на ОН за борба против опустинување (UNCCD) и процесот на известување кон Конвенцијата”, кој го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) од Виена, со финансиска поддршка на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), изработен е Нацрт Национален акциски план за борба против опустинување во Република Македонија и Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина .

Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарантност и вклученост на јавноста, подготвените документи се достапни за јавен увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), како и во канцеларијата на контакт лицето за Конвенцијата за борба против опустинувањето (канцеларија бр. 1022) при Министерството за животна средина и просторно планирање, секој работен ден од 8.30-16.30 h, во период од 30 дена од денот на објавување. Периодот за јавен увид ќе трае од 06.03.2018-06.04.2018 година.

Ве покануваме вашите мислења, забелешки и сугестии по објавените документи да ги доставите во предвидениот период за јавен увид до:

Контакт лице: Весна Индова

е-mail: v.indova@moepp.gov.mk

тел: 3251-440

Адреса: Министерство за животна средина и просторно планирање

Бул. „Гоце Делчев” бр.18, зграда на МРТВ (10-ти кат)

1000 Скопје, Република Македонија

тел: 3251-440, факс 3220-165

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе организира и јавна расправа. Датумот, времето и местото за одржување на истата дополнително ќе бидат објавени.

Со почит

Министерство за животна средина и просторно планирање

Министер

Sadulla Duraki