Ве информираме дека на 6 ноември 2017 година (понеделник), во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, сала 5, во 12 часот, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе одржи прес конференција во врска со акцијата „Едно капаче-Една надеж+“.
Акцијата е продолжување на веќе постоечката акција на Македонската медицинска студентска асоцијација чии размери ги надминаа капацитетите на ова ентузијастичка иницијатива.
Министерството за животна средина и просторно планирање препознавајќи ја големината на хуманитарно-еколошката акција и покренувајќи ги сопствените ресурси и ресурсите на партнерите од бизнис заедницата најде решение и ја продолжува активноста.
Кон акцијата се приклучија Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак, која ќе се погрижи за преземањето и транспортот на собраните капачиња и компанијата за рециклажа Ре-Пласт.
На самиот настан ќе бидат донирани 3 инвалидски колички.