Почитувани,
Ве информираме дека на 9 октомври 2017 г. (понеделник) заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе се обрати на тркалезната маса на тема „Општествено одговорни бизниси – акција за клима“ што ја организираат Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, во рамки на климатскиот проект „CityTree“.
На настанот ќе се обрати и амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. Томас Герберих.
Тркалезната маса ќе се одржи во просториите на компанијата „Еколог“ (ул. Видое Смилевски Бато бб.) во Тетово, со почеток во 11:00 часот.
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.