Ве информираме дека утре, на 28.11.2014г.(петок), во 12:00 часот, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ќе ја посетат локацијата каде што се во тек градежни активности околу реализацијата на проектот „Реконструкција и проширување на канализационата мрежа во Прилеп“.
Настанот ќе одржи на ул. „Егејска“ на локација наспроти спортската сала она Тутунски комбинат , каде што ќе бидат дадени и изјави за медиуми.
Проектот е финансиски поддржан од ИПА Оперативната Програма за Регионален Развој 2007-2013 година.