СООПШТЕНИЕ  ДО МЕДИУМИ

Ве информираме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање, м-р Стево Темелковски ќе се обрати на настанот за претставување на клучните наоди на Иницијалниот извештај за категоризација на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро подготвен во согласност со Рамковната директива за води на ЕУ.

Настанот ќе се одржи на 18 ноември 2014г. (вторник), во 10:00 часот, во хотелот Холидеј Ин, во Скопје.

Извештајот е изработен во рамките на проектот  на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) за регионална конзервација и одржлива употреба на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.