Во согласност со Уредбата за воспоставување и начинот на користење на информациониот едношалтерски систем за увоз, извоз и транзит на стоки (Службен весник на РМ бр. 134/08,13/11,138/13, 208/15) како и Упатството за поблиските податоци за издавање дозвола за стоките што се увезуваат/извезуваат под ознака Д4 бр. 02-6866/1 од 24.11.2016 год. Министерството за животна средина и просторно планирање го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање дозвола за стоките кои се увезуваат-извезуваат под ознака Д4 од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање бр.02-8454/1.
EXIM (Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти) овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции.
Електронско поднесување на барањата за дозволи во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање се врши преку EXIM системот со избор на следниот линк www.exim.gov.mk. На истиот линк се објавуваат и потребните информации за условите и правила за регистрација на економските оператори во EXIM, каде можат да се најдат и прирачниците за негово користење.
- Услови и правила за регистрација и за користење на EXIM (август 2013)
- Закон за животна средина: член 167 став 1 и 2, член 164 став 5 и 179 став 1,2,4,5 и 8 од Законот за животна средина (“Службен Весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 18/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16)
- Уредбата за воспоставување и начинот користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки (Сл. Весник 134/2008)
- Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за воспоставување и начинот користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки.(Сл. Весник 13/2011)
- Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за воспоставување и начинот користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки.(Сл. Весник 138/2013)
- Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за воспоставување и начинот користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки.(Сл. Весник 208/2015)
- Уредба за воспоставувањето и начинот на користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при постапки за увоз, извоз и транзит – неофицијален пречистен текст
- Одлука за распоредување на стоките на форма на увоз и извоз
- Закон за хемикалии (Службен весник на РМ, бр.145/10, 53/11,164/13,116/15, 37/16)
- Закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси (Службен весник на РМ,бр.6/10;145/10;75/11;84/12;192/15;23/2016)
- Упатство за начин на плаќање на административните такси за увозни, извозни и транзитни дозволи опфатени во EXIM
- Упатсво за начин на плаќање на други надоместоци за одредени видови на стоки кои се увезуваат и извезуваат под ознака Д4 опфатени во EXIM
*Во случај на технички проблем или прекин во функционирањето на системот, обработката на податоците од барањата се врши со примена на документи во хартиена форма како алтернатива.
Упатсво за начин на плаќање на други надоместоци за одредени видови на стоки кои се увезуваат и извезуваат под ознака Д4 опфатени во EXIM
– Ова упатство се однесува само на давачките дефинирани како други надоместоци, согласно закон.
1. Правен основ Закон за животна средина: член 167 став 1 и 2, член 164 став 5 и 179 став 1,2,4,5 и 8 од Законот за животна средина (“Службен Весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10,51/11,123/12,93/13,187/13,42/14,44/15,129/15,192/15,39/16) и Упатство за начинот на евидентирање и распределување на јавните приходи (Службен Весник на РМ број 114/09, 153/09, 43/10, 185/11 и 186/14)
Уплатите за другите надоместоци се извршуваат после подигнувањето на решението за плаќање надоместок исклучиво на соодветна сметка во рамките на трезорската сметка согласно член 167 став 1 и 2, член 164 став 5 и 179 став 1,2,4,5 и 8 од Законот за животна средина (“Службен Весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10,51/11,123/12,93/13,187/13,42/14,44/15,129/15,192/15,39/16) ) и Упатство за начинот на евидентирање и распределување на јавните приходи (Службен Весник на РМ број 114/09;153/09;43/10;185/11 и 186/14).
2. Начин на пополнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 при плаќање на другите надоместоци
– По подигнувањето на решението за плаќање надоместок донесено од Министерот за животна средина и просторно планирање, налогот за јавни приходи образецот ПП 50 за уплата на надоместоците се пополнува на следниот начин: Во рубриката: ‐ ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ – ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЗАДОЛЖИТЕЛНО се пополнува единствениот референтен број под кој се регистрира барањето во едношалтерскиот систем EXIM, кој се добива автоматски од системот. Во рубриката: ‐ ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: ЗАДОЛЖИТЕЛНО се пополнува ”За уплата по решение за плаќање надоместок за увоз бр. (број на решението)”. Во рубриката: ‐ ИЗНОС ЗАДОЛЖИТЕЛНО се пополнува вкупниот износ на уплатата по основ на издавање решение за плаќање надоместок. Примерок на начинот на поплнување на налогот за јавни приходи образецот ПП 50 при уплата по решение за плаќање надоместок за увоз
3. Начин на пополнување на другите податоци во налогот за јавни приходи образецот ПП 50 ‐ НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: ТРЕЗОР НА РМ ‐ БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НАРОДНА БАНКА НА РМ ‐ СМЕТКА: единствена трезорска сметка 100000000063095 ‐ УПЛАТНА СМЕТКА: 840 XXX 06595 (xxx се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи) ‐ ПРИХОДНА ШИФРА: 718118
Уплатата нема да се процесира ако странката не достави доказ за извршената уплата оргинал од налогот за јавни приходи Образецот ПП 50 во МЖСПП.
Министерство за животна средина и просторно планирање | ||||||||
Дозволи и параметри за дозволите кои се издаваат преку EXIM | ||||||||
РБ | ШИФРА | Име на дозвола | Постапка | Изноз на АТ во денари | Дополнителни надоместоци ДА/НЕ | Рок на одговор (во денови) | Рок на важност (во денови) | Забелешка |
1 | 025 | Дозвола за извоз на нова и употребувана техничка стока со разладни средста | E | 1050 | НЕ | 15 | 180 | |
2 | 019 | Дозвола за извоз на разни производи на хемиската индустрија и пероксоли на неоргански киселини и метали и сл. | Е | 1550 | НЕ | 15 | 180 | |
3 | 038 | Дозвола за извоз на опасни материи | E | 1550 | НЕ | 15 | 180 | |
4 | 044 | Дозвола за извоз на загрозени и заштитени диви раститенија, габи и животни и нивни делови | Е | 1050 | НЕ | 15 | 270 | |
5 | 048 | Дозвола за извоз на руди и минерали на молибден | Е | 1550 | НЕ | 15 | 180 | |
6 | 019 | Дозвола за увоз на разни производи на хемиската индустрија | И | 1550 | ДА | 15 | 180 | |
7 | 020 | Дозвола за увоз на употребувани гуми | И | 2050 | ДА | 15 | 180 | |
8 | 025 | Дозвола за увоз на нова техничка стока која содржи разладни средства | И | 1050 | ДА | 15 | 180 | |
9 | 026 | Дозвола за увоз на употребувана техничка стока | И | 1050 | ДА | 15 | 180 | |
10 | 038 | Дозвола за увоз на опасни отпадни материи(Базелска конвенција) | И | 1550 | не | 15 | 180 | |
11 | 043 | Дозвола за увоз на минерали на азбест | И | 1550 | не | 15 | 180 | |
12 | 044 | Дозвола за увоз на загрозени и заштитени диви раститенија, габи и животни и нивни делови | И | 1550 | не | 15 | 270 | |
13 | 048 | Дозвола за увоз на руди молибден и концентрати | И | 1550 | не | 15 | 180 | |
14 | N100 | CITES | Е-И | 1550 | не | 15 | 180 | |
15 | 048 | Дозвола за увоз на руди молибден и концентрати | И | 1550 | не | 15 | 180 | |
16 | 038 | Дозвола за транзит на отпадни материи | T | 1550 | не | 15 | 180 |
Постапката за издавање на дозволи за барањата поднесени во хартиена трае _____ дена во зависност од комплетноста на поднесената документација. Дозволата се издава во согласност со Законот за општа управна постапка (Службен весник на РМ број 38/05,110/08, 51/11), Одлуката за распоредување на стоките на форми за извоз и увоз (Службен весник на РМ број 42/2013), како и во согласност со Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање дозвола за стоките што се увезуваат-извезуваат под ознака Д4 од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање бр. 02-8454/1.
Согласно Законот за животната средина (“Службен Весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15,192/15, 39/16) е предвидено плаќање на надоместоци за увоз/извоз на одредени стоки. Надлежен орган за издавање на овие дозволи е Министерството за животна средина и просторно планирање – Одделение за управна постапка.
Надоместоци кон барањето за добивање увозни, извозни и транзитни дозволи:
Податоци за пополнување на уплатницата:
а) Цел на дознака: Административна такса за дозвола за увоз
б) Назив на примачот: Трезор на РМ
в) Банка на примачот: Народна банка на РМ
г) Сметка на примачот: 100000000063095
д) Сметка на буџетскиот корисник: 840 *** 034 13
ѓ) Приходна шифра 722 322 и начин 2
е) Износот на административната такса и износот на дополнителните трошоци за секоја дозвола е даден тука (кликни)
ж) Упатство за плаќање на дополнителни надоместоци
- Квартален извештај (Октомври – Декември 2015)
- Квартален извештај (Јули – Септември 2015)
- Квартален извештај (Aприл – Јуни 2015)
- Квартален извештај (Јануари – Март 2015)
- Квартален извештај (Октомври – Декември 2014)
- Квартален извештај (Април – Јуни 2014)
- Квартален извештај (Октомври – Декември 2013)
- Квартален извештај (Јули – Септември 2013)
- Квартален извештај (Април – Јуни 2013)
- Квартален извештај (Јануари – Март 2013)
Административна поддршка
Aлександар Јовановски
Е-mail: a.јovanovski@moepp.gov.mk
Фиксен: +389 (0)2 3251-551
Емилија Ќупева Неделкова – Oдделение за хемикалии, лиценца I019, E019, I025, E025
Е-mail: e.cupeva-nedelkova@moepp.gov.mk
тел.: 076/446-953
Енвер Хајредини – Oдделение за хемикалии, лиценца I019, E019, I025, E025
Е-mail: e.hajredini@moepp.gov.mk
тел.: 076/455-469
Илбер Шабани – Сектор за отпад, лиценца I020, I026, I038, E038
Е-mail: i.shabani@moepp.gov.mk
тел.: 076/455-439
Даниела Ристова – Сектор за отпад, лиценца I020, I026, I038, E038
Е-mail: d.ristova@moepp.gov.mk
тел.: 076/ 455-458
Даниела Камчева – Сектор за природа, лиценца I044, E044, N100 Cites
Е-mail: d.kamceva@moepp.gov.mk
тел.: 076/455-459
Африм Шаини – Одделение за управна постапка
Е-mail: a.shaini@moepp.gov.mk
тел.: 072/278-968
Техничка поддршка
Душко Јањиќ
Е-mail: d.janjik@moepp.gov.mk
Фиксен: +389 (0)2 3251-539
Главен контакт за поддршка на ЕХИМ во Царинска управа
Е-mail: exim@customs.gov.mk
Фиксен: +389 (0)2 3293-916
Пристап и регистрација во ЕХИМ системот на следниот линк:
www.exim.gov.mk