ТРОШОЦИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА |
Трошоци за заштита на животната средина е индикатор кој се состои од вкупни инвестиции и вкупните тековни трошоци. Тековен трошок е збирот од внатрешни тековни трошоци, плус надоместоци и други плаќања за услуги за заштита на животната средина.
Трошоците за заштита на животната средина покажуваат колку е инвестирано во реконструкција и купување технологии и опрема за заштита на животната средина, и колку било потрошено за одржување и функционирање на овие технологии и опрема. Исто така, трошоците за заштита на животната средина содржат надоместоци и плаќања за услуги за заштита на животната средина (пр., собирање отпад, управување со отпадни води, консултации за животна средина).
- Инвестиции за заштита на животната средина (во илјада денари)
- Трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина (во илјада денари)
- Инвестиции и трошоци во индустријата и специјализираните производители (во илјада денари).
Дали инвестициите и трошењето на активности наменети за заштита, намалување и елиминирање на загадувањето или друго деградирање на животната средина можат да придонесат општеството да одговори на грижите за животната средина и како се финансирани тие?
Во периодот од 2013 до 2015 година инвестициите за заштита на животната средина бележат опаѓање.Пораст е забележан во 2016 година. Во 2013 година најмногу е инвестирано во подрачјето на управување со отпад. Во истото подрачје најголеми се трошоците за одржување на средствата за заштита на животната средина. Од клучно значење е да се зголеми инвестирањето и трошењето за активности и средства за заштита на животната средина, со цел да се минимизираат негативните последици од процесите и активностите поврзани со работењето на деловните субјекти особено индустријата и однесувањето на луѓето.
Слика 1. Вкупни инвестиции за заштита на животната средина
Слика 2. Инвестиции за заштита на животната средина по сектори
Слика 3. Вкупни трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина
Слика 4. Трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина по сектори
Слика 5. Учество на инвестициите и трошоците за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители во вкупните трошоци, 2015
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Јавноста се повеќе станува свесна за потребата од заштита на животната средина од загадување и отпад. Денес заштитата на животната средина е интегрирана во сите политички полиња со општа цел да се обезбеди одржлив развој. Сите активности неизбежно влијаат на животната средина до одреден степен што значи дека сите сектори во економијата имаат специфична улога во целокупните напори да се минимизираат негативните последици: владини агенции и локални власти, компании вклучени во индустриски и други деловни активности, бизниси кои произведуваат услуги за животната средина (како што е собирање и постапување со отпад), и домаќинства како потрошувачи.
Намената на статистичкото истражување за трошоци за заштита на животната средина е да одговори на следните три прашања:
- Колку плаќаат резидентните единици – производители или потрошувачи – и во каква форма за заштита на животната средина?
- До колкав обем овој трошок е финансиран од различни институционални сектори?
- Колкава е вредноста на услугите за заштита на животната средина произведени од различни економски активности?
Во периодот од 2013 до 2015 година, инвестициите и трошоците за заштита на животната средина покажуваат тренд на намалување. Во 2016 година е забележано нивно зголемување. Најголемо подрачје на инвестирање и трошење на активности поврзани со заштита на животната средина е подрачјето на управување-постапување со отпад.
Споредбената анализа на податоците за 2013 и 2014 година покажува дека вкупните инвестиции и трошоци за заштита на животната средина во 2014 година се пониски во однос на 2013 година, за 12,3%. Трендот на намалување продолжува и во 2015 година, односно во вкупните инвестиции и трошоци за заштита на животната средина учеството на инвестициите во 2015 година е 37,9 % споредено со 2014 година каде соодветното учество е 44,5%, додека учеството на трошоците во 2015 година е незначително зголемено, односно 62,1% во споредба со 55,5% во 2014 година. Во 2016 година учеството на инвестициите е 55.0% додека учеството на трошоците е 45.0%.
Во 2016 година година најмногу средства се инвестирани за постапување со отпад додека во 2015 и 2014 година за циркулациски систем за снабдување со вода. Во однос на трошоците за одржување на средствата според намената во сите години се направени за управување со отпад.
Гледано по сектори на економска активност, учеството на трошоците за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители во 2016 година изнесува 65,2 % (2015-86,7%) додека во останатите сектори е 34,8 % (2015-13,3%). Во индустријата и специјализираните производители, гледано по намена, најголеми се трошоците за постапување со отпад и изнесуваат 2.556.035 илјади денари. Овие трошоци во споредба со 2015 година, кога изнесувале 2.245.035 илјади денари, се незначително зголемени.. Во останатите сектори, во 2016 година, најголеми се трошоците за постапување со отпад, 1.503.262 илјади денари, а најмали се трошоците за заштита на шумите, 124 илјади денари.
Односот меѓу трошоците за заштита на животната средина и бруто домашниот производ е важен индикатор за заштита на животната средина во однос на целокупната економска активност. Во периодот од 2013-2014 година учеството на трошоците е околу 1,3% од БДП, односно 1,06 во 2015 година.
Податоците за трошоци за заштита на животната средина се прибираат преку редовно статистичко истражување кое се спроведува со едногодишна периодика. Се спроведува врз основа на примерок дизајниран од рамката на статистичкиот деловен регистер. Извештајни единици се деловни субјекти/локални единици (според НКД Рев.2) кои имаат фондови на материјални и нематеријални фиксни средства со еколошка намена (МФС – ЕН и НФС – ЕН).
Листа на релевантни политички документи
- Регулатива 691/2011 од 6 јули 2011 г. на Европскиот Парламент и Совет.
- Регулатива 58/97 од 20 декември 1997 за структурни деловни статистики – СБС
- Национална класификација на дејности – НКД Рев.2
- Класификација на активности за заштита на животната средина (CEPA 2000).
Законска основа
- Закон за државната статистика („Службен весник на РМ“ бр. 54/97, 21/07, 51/11,104/13, 42/14, 192/15 и 27/16)
- Програма за статистички истражувања за периодот 2013-2017 („Службен весник на РМ“ бр. 20/13, 24/14, 13.15 и 7/16
Нема специфични цели.
- OECD/EUROSTAT
Ознака | Име на индикаторот | Усогласеност со CSI/ЕЕА или други индикатори | Класификација по ДПСИР | Тип | Поврзаност со област | Фреквенција на публикување | |
МК НИ 067 | Трошоци за заштита на животната средина | Р | А | деловни субјекти |
1 – годишно
|