ДОЗВОЛИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД |
Индикаторот го покажува бројот на издадени дозволи за управување со отпад во подрачјата кои согласно Просторниот план спаѓаат во Г зона, односно индустриска зона, на територијата на Република Северна Македонија.
- Број на издадени дозволи за управување со отпад
Каков е прогресот на отварање на отпади и капацитет за собирање и транспортирање на отпад, опасен и неопасен?
Најголем број на дозволи и по двата основи се издадени во 2017 година, 98 дозволи за складирање, третман и преработка на отпад и 52 дозволи за собирање и транспорт на комунален и други видови на отпад. Најмал број, 12 дозволи за складирање, третман и преработка на отпад и 20 дозволи за собирање и транспорт на комунален и други видови на отпад се издадени во 2021 година.
Во разгледуваниот период од пет години издадени се вкупно 254 дозволи за складирање, третман и преработка на отпад и 203 дозволи за собирање и транспорт на комунален и други видови на отпад, што кумулативно претставува позитивен прогрес во отварањето на отпади и зголемување на капацитетите за управување со неопасен и опасен отпад.
График 1. Вкупно издадени дозволи за управување со отпад
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: МЖСПП, Сектор за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи
Дозволите за управување со отпад се издаваат врз основа на одредбите од Законот за управување со отпад, донесен 2006 година. Истите се со времетраење од 5 до 10 години и на тој начин се спроведува политиката на Министерството за животна средина и просторно планирање за правилно складирање и третман на отпадот со почитување на пропишаните стандарди и правилно собирање и транспортирање на отпадот како неопасен, така и опасен и притоа се води сметка за запазување на стандардите за правилно пакување, обележување и превоз на отпадот.
Правните и физичките лица за да можат да ја вршат дејноста складирање, третман и/или преработка на отпад треба да ги исполнуваат минимално техничките услови во поглед на локацијата, потребната инсталација и опрема за складирање, третман и/или преработка на отпад и негово идентификување, како и системот за следење и видеонадзор на отпадот. Локацијата на која ќе се врши дејноста складирање, третман и/или преработка на отпад да се наоѓа надвор од населени места, односно за истата да е предвидена согласност со планската и урбанистичката документација на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје и да поседуваат соодветна потврда издадена од општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.
Одземање на дозвола за складирање третман и/или преработка на отпад МЖСПП на предлог на државниот инспектор за животна средина може да спроведе доколку имателите на дозвола:
- двапати во период од една година ги прекршиле минимално техничките услови за вршење на дејноста складирање, третман и/или преработка на отпад,
- извршиле измени на активностите за кои ја добиле дозволата и
- вршат трговија со производи и материјали што се во општа употреба.
За да се врши дејноста собирање на отпад потребно е да се поседува Дозвола за собирање и за транспортирање на комуналниот отпад и на другите видови неопасен отпад. Субјектите мора да имаат вработено најмалку едно лице со стручна подготовка согласно со прописите за регистрација за вршење на дејност, како и да располагаат со материјално технички средства за вршење на дејноста.
Одземање на дозвола за собирање и за транспортирање на комуналниот и на другите видови неопасен отпад МЖСПП може да спроведе доколку правните и физичките лица повеќе од трипати во период од три години ги прекршиле минимално техничките услови за вршење на дејноста собирање и транспортирање на комуналниот и на другите видови неопасен отпад
Во разгледуваниот период од 2017 до 2022 година, издадени се вкупно 254 дозволи за складирање, третман и преработка на отпад и 213 дозволи за собирање и транспорт на комунален и други видови на отпад.
Најголем број на дозволи и по двата основи се издадени во 2017 година, 98 дозволи за складирање, третман и преработка на отпад и 52 дозволи за собирање и транспорт на комунален и други видови на отпад. Најмал број, 12 дозволи за складирање, третман и преработка на отпад и 20 дозволи за собирање и транспорт на комунален и други видови на отпад се издадени во 2021 година.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Постапката за начинот на добивање и за одземање на дозволите за управување со отпад е пропшишана со Законот за управување со отпадот.
Согласно Законот за управување со отпад кој што е во нацрт фаза планирано е да се предвиди постоење на само еден вид на дозвола за управување со отпад во која подетално ќе биде опишан конкретниот процес на постапување со отпадот како и рокот на важност.
- Годишно објавување на регистар на издадени дозволи за управување со отпад на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Тема | Инструменти за политиките на животната средина | Поврзаност со други теми/сектори | Воздух, Вода, Природа, Отпад |
Код на индикаторот | MK НИ 086 | Временска покриеност | 2017-2022 |
Име на индикаторот | Дозволи за управување со отпад | Извор на податоци | Министерство за животна средина и просторно планирање, Сектор за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи |
Класификација по ДПСИР | Р | Датум на последна верзија | 04.11.2022 |
Тип | А | Подготвено/ажурирано од: | Сектор за соработка со локална самоуправа и управни и надзорни работи |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: T.Paunovska@moepp.gov.mk |
МК НИ 086 Дозволи за управување со отпад | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 6 – 6.3.1 Proportion of wastewater safely treated 11 – 11.6.1 Proportion of urban solid waste regularly collected and with adequate final discharge out of total urban solid waste generated, by cities 12-12.4.2 Hazardous waste generated per capita and proportion of hazardous waste treated, by type of treatment; 12.5.1 National recycling rate, tons of material recycled |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | Да | |
Кружна економија | да |