ЕНЕРГЕТСКА ЗАВИСНОСТ ЗА СИТЕ ЕНЕРГЕНТИ |
Енергетска зависност се пресметува како однос помеѓу нето–увозот на енергија и вкупно потребната енергија.
- проценти
Kолкава е енергетската зависност на Република Северна Македонија?
Во разгледуваниот период 2000-2020 година може да се забележи променлив тренд на пораст и пад на енергетската зависност, со забелешка дека сепак генерално се забележува нагорен тренд. Податоците покажуваат значително зголемување на енергетската зависност од увоз во 2020 година во однос на претходната 2019 година за цели 5%.
Најголема енергетска зависност во разгледуваниот период има во последната 2020 година, односно 63,7% од енергетските потреби на земјата се покриени со увоз. Најмала енергетска зависност од 37,6% имало во 2003 година.
Во однос на овој индикатор, земајќи го предвид фактот дека енергетската зависност од сите енергенти како однос помеѓу нето–увозот на енергија и вкупно потребната енергија во 2020 година изнесува 63,7% може да се забележи понатамошно оддалечување од постигнување на целта од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година во Република Северна Македонија.
Во однос на овој индикатор во 2020 година, споредено со 2017 година (како референтна година), се забележува зголемување од 6,5% и оддалечување од постигнување на целта од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година во Република Северна Македонија.
График 1. Енергетска зависност за сите енергенти (%)за периодот 2000-2020 година
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Енергетската зависност го мери степенот на зависност на земјата од увоз со цел да ги задоволи своите енергетски потреби. Целта на секоја земја при водењето на енергетската политика е да се намали зависноста на земјата од енергијата од увоз.
Може да се забележи тренд на пораст и пад на енергетската зависност, но генерално постои растечки тренд на овој индикатор за разгледуваниот период 2000-2020 година. Поголем пораст на енергетската зависност од увоз со цел да се задоволат енергетските потреби во земјата се забележува во 2016 година во однос на претходните години, за потоа да има благ пад во 2017 и повторен раст во наредните три години, 2018-2020 година, но особено во 2020 година кога се јавува историскиот максимум на енергетската зависност од 63,7%.
Така, енергетските потреби на земјата покриени со увоз во 2020 година се највисоки, односно во 2020 година е најголемата енергетска зависност во разгледуваниот период. Најмала енергетска зависност од 37,6% имало во 2003 година.
Во однос на овој индикатор во 2020 година, земајќи го предвид фактот дека енергетската зависност од сите енергенти како однос помеѓу нето–увозот на енергија и вкупно потребната енергија, изнесува 63,7% може да се забележи оддалечување од постигнување на целта од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година во Република Северна Македонија.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Статистичка методологија за пресметка:
- Заеднички прашалници за: јаглен, нафта, природен гас, електрична енергија и топлина, обновлива енергија на Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD
- „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″
Во согласност со Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година во однос на енергетската зависност од сите енергенти како однос помеѓу нето–увозот на енергија и вкупно потребната енергија зацртани се следните цели:
Во Референтното сценарио енергетската зависност од сите енергенти како однос помеѓу нето–увозот на енергија и вкупно потребната енергија се проценува на 51% во 2040 година.
Во сценариото на Умерена транзиција енергетската зависност од сите енергенти како однос помеѓу нето–увозот на енергија и вкупно потребната енергија се проценува на околу 62% во 2040 година.
Во зеленото сценарио енергетската зависност од сите енергенти како однос помеѓу нето–увозот на енергија и вкупно потребната енергија се проценува на 55% во 2040 година.
Забелешка: Слика 3.9 од Стратегијата за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година.
- Eurostat
Тема | Енергија | Поврзаност со други теми/сектори | Воздух, Климатски промени, Води, Почва и користење на земјиште, Природа, Земјоделство, Шумарство, Отпад, Домаќинства, Транспорт, Здравство, Туризам, Економија на животната средина ресурси, Индустрија |
Код на индикаторот | MK НИ 058 | Временска покриеност | 2000-2020 |
Име на индикаторот | Енергетска зависност за сите енергенти | Извор на податоци | Државен завод за статистика |
Класификација по ДПСИР | Д | Датум на последна верзија | 06.09.2022 |
Тип | А | Подготвено/ажурирано од: | Стојна Манева |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk |
МК НИ 058 Енергетска зависност за сите енергенти | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 7 – Ensure access to affordable, reliable, sustainable and modern energy for all, 12 – Responsible consumption and production 13 – Climate action |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |