МК – НИ 078

УЧЕСТВО НА EЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ ВО БРУТО-ДОМАШНАТА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА strelki d
Дефиниција

Бруто финалната потрошувачка на енергија од обновливи извори е збир од: 1) бруто финалната потрошувачка на електрична енергија од обновливи извори; 2) бруто финалната потрошувачка на енергија од обновливи извори за греење и ладење и 3) финалната потрошувачка на енергија од обновливи извори во транспортот.

Учеството на потрошена електрична енергија произведена од обновливи извори во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија претставува количник помеѓу вкупната количина на бруто-домашната потрошувачка на енергија произведена од обновливи извори и вкупната количина на бруто финалната потрошувачка на енергија и како удел се изразува во проценти.

Единици
  • проценти
Клучно прашање

Дали учеството на бруто финалната потрошувачка на електрична енергија произведена од обновливи извори е во пораст во однос на вкупната количина на бруто финалната потрошувачка на енергија произведена од сите извори на енергија?

Клучна порака

Политиките во секторот енергија, подсектор потрошувачка на енергија, треба да фаворизираат мерки прво за, генерално, намалена потрошувачка на електрична енергија и второ за зголемување на уделот на потрошена електрична енергија произведена од обновливите извори (хидроенергија, ветерна енергија, соларна енергија, енергија од отпад и др.), во бруто-потрошувачката на електрична енергија.

Во 2020 година уделот на потрошена електрична енергија произведена од обновливите извори во бруто-потрошувачката на електрична енергија изнесува 19,2% и е поголем со онојво 2005 година за 1,7%. И покрај тоа што се забележува напредок во учеството на обновливите извори во бруто-потрошувачката на електрична енергија во 2020 година во однос на 2005 година, кај овој индикатор видливо е уназадување споредено со 2018 година кога учеството на обновливите извори во бруто-потрошувачката на електрична енергија изнесуваше 26,1%. Во 2019 година уделот е идентичен со оној во 2005 година.

Постојаното зголемувањето на уделот на потрошена електрична енергија произведена од обновливите извори во бруто-потрошувачката на електрична енергија претставува цел на краток, среден и долг рок.

График 1. Учество на потрошена електрична енергија произведена од обновливи извори, во проценти (%), во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

CSI_078_Energija2022

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Трендот на учеството на потрошена електрична енергија произведена од обновливи извори, во проценти (%), во бруто-потрошувачката на електрична енергија, во целиот период 2005-2020година е променлив и општо го следи трендот на учество на обновливите извори во бруто-производството на електрична енергија, во проценти (%), и веројатно генерално зависи прво од односот помеѓу вкупното производство на електрична енергија од хидроцентралите, односно од хидроенергијата, (а тоа зависи од тоа дали годината е сушна или не) кои имаат најголем удел во производството на електрична енергија од обновливи извори и бруто-производството на електрична енергија од сите извори, земајќи ги тука предвид на прво место термоелектраните, РЕК Битола и РЕК Осломеј, второ од количеството на потрошена увезена електрична енергија и трето од извезена произведена електрична енергија.

Во 2005 година уделот на потрошена електрична енергија произведена од обновливите извори во бруто-потрошувачката на електрична енергија изнесуваше 17,5% и истиот е за 1,7% понизок од оној во 2020 година (19,2%) при што може да се заклучи дека има незначителен напредок во зголемување на учеството на обновливите извори во бруто-потрошувачката на електрична енергија, споредено со 2005 година, особено ако се забележи дека во 2018 година уделот на произведена електрична енергија од обновливите извори во бруто-потрошувачката на електрична енергија изнесуваше 26,1%.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Статистичка методологија за пресметка:

  • Регулативата за енергетски статистики на Европскиот парламент и советот (Регулатива бр.1099/2008).
  • „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″
Цели

Зголемување на учеството на потрошена електрична енергија од обновливи извори.

Обврска за известување
  • Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Општи мета-податоци
Тема Енергија Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Води, Почва и користење на земјиште, Природа, Земјоделство, Шумарство, Отпад, Домаќинства, Транспорт, Здравство, Туризам, Економија на животната средина ресурси, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 078 Временска покриеност 2005-2020
Име на индикаторот Учество на eлектричната енергија од обновливи извори во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 05.09.2022 година
Тип А Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 078 Учество на eлектричната енергија од обновливи извори во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија EEA – Европска агенција за животна средина IND-125/CSI 048, ENER 028 – Share of renewable energy in gross final energy consumption
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 77 и 78 – Share of renewable energy in gross final energy consumption
SDG – Цели за одржлив развој 7 – Eurostat_sdg_07_40 Share of renewable energy in gross final energy consumption by sector
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
Последна измена:  четврток ноември 10th, 2022