МК – НИ 061

ЕМИСИЈА НА ЦВРСТИ ЧЕСТИЧКИ – ЧЕСТИЧКИ СО ГОЛЕМИНА ДО 2,5 МИКРОМЕТРИ (PM2,5) smile1 strelki
Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на цврсти честички со големина до 2,5 микрометри (PM2,5).

Единици

кт (килотони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на цврсти честички со големина до 2,5 микрометри (PM2,5). во Република Македонија?

Во 1990 г. вкупните национални емисии на PM2,5 изнесуваа 32,5 kt. За споредба, во 2016 г. емисиите се значително намалени за 57% и изнесуваат 14 kt. Главната причина за намалувањето се должи на пониските емисии од Индустриските процеси (производство на феролегури), Производство на енергија и Други сектори, каде намалувањето на емисиите се со удел 82%, 75% и 25%, соодветно, во однос на 1990 г.

На подолу дадениот графикон прикажан е годишен тренд на емисиите на PM2,5 во период од 1990 до 2016 година.

Графикон 1. Тренд на емисии на PM2,5

CSI_Vozduh2018_061_PM2.5_g1MK

Оценка

Во рамките на CARDS програмата, во 2005 година, во земјата беше воспоставен Инвентар на емисии на основните загадувачки супстанци во воздухот согласно ЕМЕП методологија по дадени сектори, односно дејности, а во 2014 година беше подготвен инвентар што ги вклучи сите загадувачки супстанци.

Секторите по горенаведената методологија и SNAP – селективната номенклатура за загадување на воздухот се дадени во табелата подолу:

 Сектор
Производство и дистрибуција на енергија
Домаќинства и административни објекти
Индустрија (Согорувачки процеси)
Индустрија (Производство)
Фугитивни емисии
Употреба на растворувачи и продукти
Патен сообраќај
Непатен сообраќај
Oтпад
Земјоделство
Друго

Главните извори на емисии на на цврсти честички со големина до 2,5 микрометри PM2,5 во 2016 година се секторите: Домаќинства и административни објекти (главно греење во домаќинствата), Индустрија (Производство) (главно 2C2 Производство на феролегури) и Производство и дистрибуција на енергија со удели 63,3%, 18,7% и 6,1%, соодветно.

NFR секторите 1B Фугитивни емисии, 3 Земјоделство и 5 Отпад се незначителни извори на емисии на PM2,5.

Графикон 2. Eмисии на PM2,5 по SNAP сектори на годишно ниво

CSI_Vozduh2018_061_PM2.5_g2MK

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на PM2,5?

Главни извори на емисии на PM2,5 во 2016 г. се NFR категориите 1A4 – Други сектори (главно греење во домаќинствата), 2 – Индустриски процеси (главно 2C2 Производство на феролегури) со удели од 63% и 20% соодветно. Помали извори на емисии на PM2,5 во 2016 г. се NFR категориите 1A1 Производство на енергија и 1А2 Согорување во производни индустрии и градежништво со удели од по 6%.

NFR категориите 1B – Фугитивни емисии, 3 – Земјоделство и 5 – Отпад се незначителни извори на емисии на PM2.5.

За годините 2001, 2002 и 2009 емисиите на PM2,5 се многу ниски, споредено со другите години. Причините за ова е тоа што емисиите кои доаѓаат од производството на феролегури се многу ниски, заради фактот што во овие години компанијата за производство на феросилициум работела со ограничен капацитет и произведените количини на феросилициум се 80-90% пониски споредено со производството во 2014 г.

Од 2013 г. до 2014 г. емисиите повторно се намалиле за 25%, поради намалените емисии од производството на феролегури, како и намалените емисии од греењето во домаќинствата.Значајно намалување на емисиите, за 29%, има во 2016 г. споредено со 2015 г. кое се јавува пред се заради големо намалување на емисиите на PM2,5 од NFR категориите 2 – Индустриски процеси (главно 2C2 Производство на феролегури), заради намалениот капацитет во работата на инсталацијата за производство на феросилициум, 1A1 – Производство на енергија и 1А4 – Други сектори.

Графикон 3. Eмисии на PM2,5 по NFR сектори на годишно ниво

CSI_Vozduh2018_061_PM2.5_g3MKОпфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и секретаријатот на Обеденитетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна   http://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envwovm7g/.

Методологија

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2016 година. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци со таа разлика што дополнително е направена распределба на националните емисии освен по NFR (како што се испратени до меѓународни организации) така и по сектори.

Пресметките се во согласност со Упатството на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот публикувано во 2009, 2013 и 2016.

Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, Упатството од 2013 и Упатството од 2016 година кои можат да се најдат на следните линкови http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013 како и http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016).

Релевантност за креирање на политиката

Донесен е Акцискиот план за европско партнерство, како и Националниот план за апроксимација на домашното законодавство кон европските регулативи во кој се наведени подзаконските акти кои треба да се подготват.

Подготвен е НЕАП 2 во кој се дадени мерките, кои треба да се преземат за подобрување на општата состојба со квалитетот на воздухот, а во таа смисла и намалување на емисиите кои предизвикуваат закиселување. Донесен е Националeн план за заштита на амбиентниот воздух за период од 2012 до 2017 година во кој се наведени мерки за заштита на воздух на национално ниво, и Национална програма за постепена редукција на емисиите до 2020 година со цел дефинирање и спроведување на мерки на националнониво. Воедно за подобрување на квалитетот во одделни ЕЛС и акциони планови подготвена е програма за град Битола. Во рамките на проектот “Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на воздухот” подготвени се Планови за подобрување на квалитетот на воздухот и краткорочни акциони планови за Скопје и Тетово, кои се усвоени и од страна на советите на општините. Подготвен е Национален план за намалување на емисии на сулфур диоксид (SO2), азотни оксиди (NOx) и прашина од постојните големи согорувачки инсталации во Република Македонија. Планот е одобрен од Енергетската заедница и ревидираниот план беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија во декември 2017 година.

Цели

Дали со некој од националните документи имаме зацртана цел или треба да се достигне целта во согласност со други меѓународни документи?

Во националните стратешки документи на кои се повикуваме во погоре дадениот текст имаме дадено правци и акции кои треба да бидат приоритетни. Важно е да се напомене дека подготвени се подзаконски акти од областа на емисии во воздухот во кои директивите 96/61/EC, 2000/81/EC, 2000/76/EC, 99/13/EC и 2001/81/EC се транспонирани од 90-100%.

Во согласност со барањата на Конвенцијата на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот, воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на загадувачките супстанци во килотони на година по принципот n-2, каде n е тековната година.

Во постоечката Национална програма за постепена редукција на емисиите до 2020 година оваа загадувачка супстанца не е внесена но истата се планира да биде внесена во следните години согласно измените на Дирекивата 2001/81/EC и амандманите на постоечкиот Гетеборшки протокол.

Како што веќе споменавме подготвен е усвоен Националниот план за намалување на емисии (NERP).

Од страна на РЕК Битола веќе се преземаат активности за изнаоѓање на финансиски средства за започнување на процесот на десулфуризација со што би се намалиле и емисиите на ПМ2,5.

Законска основа

Законот за квалитет на амбиентен воздух кој е донесен во август 2004 година и е повеќе пати дополнет и изменет („Службен весник на РМ бр. 67/2004, 92/2007, 83/2009, 35/2010, 47/2011, 100/2012, 163/2013) претставува рамковен закон од областа на воздухот. Целите на овој закон се избегнување, спречување и намалување на штетните ефекти врз здравјето на луѓето и животната средина како целина, спречување и намалување на загадувањата кои предизвикуваат промена на климата, како и обезбедување на соодветна информација за квалитетот на амбиентниот воздух.

Врз основа на Законот за квалитет на амбиентен воздух, подготвени и донесени се 16 подзаконски акти со кои се воведени гранични вредности за квалитет и емисии во воздухот, методологијата на мониторинг на квалитетот и емисиите во воздухот, начинот на подготовка на планските документи за заштита на воздухот од загадување, начинот на известување на граѓаните и меѓународните организации итн.

Во однос на оваа загадувачка супстанца граничните вредности и праговите за оценка во согласност со рамковната директива за квалитет на воздух 2008/50/EC. Се пропишани во следните подзаконски акти: Уредба за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини и толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели и Правилник за критериумите, методите и постапките за оценување на квалитетот на амбиентниот воздух.

 

Обврска за известување
  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
Општи мета-податоци
Ознака Име на индикаторот Усогласеност со CSI ЕЕА или други индикатори Класификација по ДПСИР Тип Поврзаност со област Фреквенција на публикување
MKНИ 061 Емисии на цврсти честички – честички со големина до 2.5 микрометри (PМ2.5) EEA

UNECE

CSI 040, APE 010

 

A1/14

П А
  • воздух
  • квалитет на воздух
годишно
Последна измена:  среда февруари 26th, 2020