КОРИСТЕЊЕ НА ВОДНИ РЕСУРСИ ПО СЕКТОРИ |
Индикаторот го следи користењето на водните ресурси според нивната употреба во поедините сектори како што се: јавно водоснабдување, наводнување и производство на електрична струја (ладење).
- Количина на користени водни ресурси се изразува во милиони m3 годишно.
Дали користењетона водните ресурси е одржливо?
Во периодот од 2000 до 2021 година, се бележи осцилаторен тренд на користење на водите. Посебен пораст е забележан во 2012 година, каде најголеми колични на водни ресурси се потрошени за наводнување. Тоа се должи на фактот што 2012 година беше сушна, а распоредот на врнежите беше таков што овозможи полнење на акумулациите со потребните количини на вода за наводнување. Последните години забележан е тренд на намалена потрошувачка на вода, пред се поради намалата потрошувачка за наводнување.Трендот на намалување на користењето на водните ресурси е тренд кој што се јавувава и во Европската Унија.
График 1. Вкупно користење на водни ресурси
График 2. Користење на водни ресурси по сектори
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика
Во периодот од 2000 до 2021година, се бележи променлив тренд на користење на водите во земјата. Посебен пораст на потрошчката на вода е забележан во 2004 и 2012 година. Во разгледуваниот временски период средногодишната потрошувачка на вода изнесува 681 милиони м3. Во 2004 година забежана е потрошувачка на вода над просечната од 123%, а во 2012 година од 155% во однос на средногодишната за разгледуваниот временски период. Најголем корисник на водните ресурси во разгледуваниот период е наводнувањето. Користењето на вода на водоснабдување на населението во 2014 година, за прв пат после 2000 година, го надминува количеството на вода кое се користи во преработувачката индустрија и тој тренд продолжува до 2021 година.Средногодишната потрошувачка на вода за водоснабдување на населението во разгледуваниот период изнесува 141 милиони м3. На последниот попис земјата има 1.836.713жители. Просечната среднодневна потрошувачка по човек, за разгледуваниот период, изнесува 143 литри. Најмала потрошувачка за водоснабдување на населението е забележана во 2008 година додека пак највисоката потрошувачка за истатa намена е забележана веќе следната година. Во целокупниот разгледуван период најмала е потрошувачка на вода за производството на електрична енергија односно заладење на електарните
- Методологија за пресметка на индикаторот
Податоците се обезбедуваат и обработуваат по сектори и видови индустрија согласно методолаогија на Државниот завод за статистика.
Одржливо управување со вода и достапноста на истата за сите.
- Извештај за состојба на животна средина
- Статистики на животна средина
- Годишно до Европската агенција за животна средина (EEA) за потребите нa WISE – SoE Water Quantity
Тема | Вода | Поврзаност со други теми/сектори | Климатски промени, Земјоделство, Индустрија |
Код на индикаторот | MK НИ 017 | Временска покриеност | 2000-2021 |
Име на индикаторот | Користење на водни ресурси по сектори | Извор на податоци | Државен завод за статистика |
Класификација по ДПСИР | П | Датум на последна верзија | 03.10.2022 |
Тип | А | Подготвено од: | Ивица Тасиќ Сузана Стојановска |
Фреквенција на публикување | На две години | Контакт | i.tasik@moepp.gov.mk suzana.stojanovska@stat.gov.mk |
МК НИ 017Користење на водни ресурси по сектори | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | 37 – Freshwater use by households, agriculture forestry and fishing of which irrigation, manufacturing, electric industry, other economic activities | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |