ВКУПНА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БУЧАВА (ЦЕЛОДНЕВНА БУЧАВА) ВО ЖИВОТНAТА СРЕДИНА (Lдвн) |
Индикаторот вкупна изложеност на бучава (целодневна бучава) во животнaта средина (Lдвн) преставува просечно еквивалентно ниво на бучава за периодот ден, вечер, ноќ или за едно деноноќие, на дефинираните мерни места за бучава, без оглед на изворот на бучава.
Исто така, индикаторот ја покажува и процентуалната распределба на интензитетот на бучава за периодот ден, вечер, ноќ (едно деноноќие), според опсегот на бучава.
- Децибел – dB(A), процент (%)
Дали интензитетот на вкупната изложеност на бучава ги надминува пропишаните гранични вредности?
Врз основа на обработените податоци може да се заклучи дека во целиот разгледуван период, на сите мерни места, интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Скопје, Кичево и Куманово, за основниот индикатор Lдвн, е над препорачаното ниво од 53 dB (A). Максимално надминување на препорачаното ниво на целодневна бучава се забележува во Куманово, во сите години, надминувањето се движи помеѓу најниско 9,49 dB(A) и највисоко 23,82 dB(A).
Интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Битола, за основниот индикатор Lдвн, скоро на сите мерни места има постојан тренд на благо покачување и намалување, но само на едно мерно место е под препорачаното ниво од 53 dB (A).
Разгледувано во однос на процентуалната распределеност на интензитетот на целодневна бучава, според опсегот на бучава, се забележува дека најголем процент од мерењата, 33%, се наоѓа во опсегот од 60-65 dB(A).
Исто така, споредено со препорачаната цел на Светската здравствена организација,интензитетот на целодневната бучава да не ја надмине вредноста од 53 dB (A), може да се заклучи дека овој процент е многу мал и изнесува околу 10,2%, вкупно за мерењата во анализираните градови, што укажува на тоа дека мерењата на интензитетот на бучава кој ја надминува вредноста од 53 dB(A) е доста висок и изнесува 89,8%.
График 1. Интензитет на бучава во животната средина во Скопје за основниот индикатор Lдвн
График 2. Интензитет на бучава во животната средина во Битола за основниот индикатор Lдвн
График 3. Интензитет на бучава во животната средина во Кичево за основниот индикатор Lдвн
График 4. Интензитет на бучава во животната средина во Куманово за основниот индикатор Lдвн
График 5. Процентуална распределба на интензитетот на бучава за период ден, вечер, ноќ (едно деноноќие), според опсегот на бучава, вкупно за анализираните градови
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Центри за јавно здравје (Скопје, Куманово и Битола)
Од обработените податоци, на слика 1, 3 и 4, може да се забележи дека во целиот разгледуван период, на сите мерни места, интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Скопје, Кичево и Куманово, за основниот индикатор Lдвн, е над препорачаното ниво од 53 dB (A).
Интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Битола, за основниот индикатор Lдвн, скоро на сите мерни места има постојан тренд на благо покачување и намалување. Од податоците може да се забележи дека на 3 мерни места нивото на бучава не го надминува препорачаното ниво од 53 dB (A), во целиот разгледуван период. На едно мерно место нивото е под 53 dB (A), во целиот разгледуван период. На останатите четири мерни места нивото на бучава го надминува препорачаното ниво од 53 dB (A) и надминувањето се движи помеѓу најниско 0,42 dB(A) и највисоко 12,36 dB(A).
Разгледувано во однос на процентуалната распределеност на интензитетот на целодневна бучава, според опсегот на бучава, се забележува дека најголем процент од мерењата, 35%, се наоѓа во опсегот од 60-65 dB(A).
Споредено со препорачаната цел на Светската здравствена организација, интензитетот на целодневната бучава да не ја надмине вредноста од 53 dB (A), може да се заклучи дека овој процент е многу мал и изнесува околу 10,2%, вкупно за мерењата во анализираните градови, што укажува на тоа дека мерењата на интензитетот на бучава кој ја надминува вредноста од 53 dB(A) е доста висок и изнесува 89,8%.
Најчесто како последица на зголемено ниво на бучава се јавува нарушување на спиењето, вознемиреност кај населението, оштетување на слухот, кардиоваскуларни проблеми и влијае на психофизичката состојба. За да се подобри квалитетот на живеење на целото население потребно е да се преземат мерки и активности за спречување или намалување на бучавата.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Индикаторот за вкупна изложеност на бучава (целодневна бучава) во животнaта средина (Lдвн) се пресметува со следната равенка:
каде што:
Индикаторот за бучава преку ден или дневно ниво на бучава – Lд претставува А-долготрајно просечно еквивалентно ниво на звук дефинирано во ISO 1996-2:1987, определено преку целокупните дневни периоди на една година.
Индикаторот за бучава во текот на вечерта или вечерно ниво – Lв претставува А-долготрајно просечно еквивалентно ниво на звук дефинирано во ISO 1996- 2:1987, определено преку целокупните вечерни периоди на една година.
Индикаторот за бучава преку ноќ или ноќно ниво – Lн претставува А-долготрајно просечно еквивалентно ниво на звук дефинирано во стандардот МКС ISO 1996-2:2010, определено преку целокупните ноќни периоди на една година.
При пресметките се земаат во предвид и останатите одредби од Правилникот за примената на индикаторите за бучава, дополнителни индикатори за бучава, начинот на мерење на бучава и методите за оценување со индикаторите за бучава во животната средина.
Центрите за јавно здравје вршат мерења на повеќе мерни места и тоа во:
- Скопје, четиринаесет мерни места
- Битола, осум мерни места
- Кичево, седум мерни места
- Куманово, десет мерни места
На секое мерно место вршени се четири пати по 50 мерења во текот на едно деноноќие. Две мерења во тек на денот од кои се пресметува индикаторот Lд, едно мерење навечер Lв и едно мерење во текот на ноќта Lн.
Периодот ден/вечер/ноќ е одреден согласно одредбите од Законот за бучава во животната средина, и тоа, денот трае 12 часа од 7:00 до 19:00 часот, вечерта трае 4 часа од 19:00 до 23:00 часот и ноќта трае 8 часа од 23:00 до 7:00 часот.
Ниво на бучава претставува вредност на измерениот звучен притисок или интензитет изразена во децибели dB (A).
Процентуалната распределба на интензитетот на вкупна изложеност на бучава, според опсегот на бучава, се добива врз основа на пресметаното А-долготрајно просечно еквивалентно ниво на звук определено опреку целокупните дневни периоди на една година, на сите мерни места.
Во националното законодавство нема дефинирани гранични вредности за интензитетот на вкупна изложеност на бучава (Lдвн), затоа во анализата е земено препорачаното ниво од 53 dB (A) од страна на Светската здравствена организација како гранична вредност.
Општите национални цели се пропишани во Законот за заштита од бучава во животната средина и се однесуваат на:
- создавање здрави услови за животот на луѓето и заштита на животната средина од бучава,
- преземање мерки и активности за избегнување, спречување или намалување на бучавата,
- преземање на мерки за заштита од бучава која е наметната од блиската средина и предизвикува непријатност и вознемирување,
- отстранување или намалување на штетните ефекти кои се последица од изложеноста на бучавата во медиумите и областите на животната средина и
- обезбедување на основа за развивање на мерки за намалување на бучавата што ја емитуваат поголемите извори, особено патните, железничките и водните превозни средства и инфраструктура, воздухопловите, опремата што се користи на отворен простор и во индустријата, како и мобилните механички средства за работа.
Светска здравствена организација препорачува интензитетот на целодневната бучавата да не ја надмине вредноста од 53 dB (A).
- Годишно до Европската агенција за животна средина
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Бучава | Бучава | Поврзаност со други теми/сектори | Почва и користење на земјиште, Транспорт, Здравство, Домаќинства, Урбанизам, Индустрија, Градежништво |
Код на индикаторот | MK НИ073 | Временска покриеност | 2010-2021 |
Име на индикаторот | Вкупна изложеност на бучава (целодневна бучава) во животнaта средина (Lдвн) | Извор на податоци | Центри за јавно здравје (Скопје, Куманово и Битола) |
Класификација по ДПСИР | П | Датум на последна верзија | 02.09.2022 |
Тип | А | Подготвено/ ажурирано од: | Катерина Николовска |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: k.nikolovska@moepp.gov.mk |
МК НИ 073 Вкупна изложеност на бучава (целодневна бучава) во животнaта средина (Lдвн) | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-233/TERM 005 , CSI 051 Exposure of Europe’s population to environmental noise |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | 138, Population exposure to environmental noise | |
SDG – Цели за одржлив развој | 3, 11 – Eurostat sdg_11_20 Population living in households considering that they suffer from noise, by poverty status |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | не | |
Кружна економија | не |