ЕРОЗИЈА НА ПОЧВАТА |
Индикаторот ја прикажува ерозијата на почвата кој е природен процес и кој геолошки погледнато е значаен за формирање на почвата. Во однос на ерозијата на почвата особено внимание се посветува на забрзаната ерозија каде природната брзина на ерозијата е зголемена како резултат на антропогениот фактор, како примена на несоодветни земјоделски практики, намалување на шумите, шумски пожари, градежни активности итн. Физичките фактори како климата, топографијата и карактеристиките на почвата се исто така значајни во процесот на ерозија. Ерозијата на почвата под дејство на водата е најзастапен и најголем проблем во Европа и во нашата земја. Индикаторот ги прикажува вредностите за ерозија на почвата, врз база на кои може да се одредат регионите зафатени со одреден степен на ерозија и да се развијат мерки за контролирање на проблемот
– km2 и %.
Колку почвата во македонија е зафтена од ерозија?
Македонија е една од со ерозија најзагрозените територии на Балканот. Во нашата земја е доминантна водената ерозија и тоа ерозијата предизвикана од дожд и истечните води.
Според извештајот на Европската агенција за животна средина (Оценка на европската животна средина од Добрис, 1995), Македонија е ставена во таканаречената црвена зона на водена ерозија во Европа.
Според Картата на ерозија на Македонија, 96,5% од целокупната површина е под процес на ерозија, додека 3,5% од целокупната површина на земјата не е зафатена со ерозија.
График 1. Дистрибуција на ерозијата на почвата
Слика 1. Карта на ерозијата на почвата
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање, http://www.moepp.gov.mk
Во нашата земја е доминантна водената ерозија и тоа ерозијата предизвикана од дожд и истечните води. Еолската ерозија ја има кај нас на високите планински врвови, но штетите од неа се занемарливо мали во однос на водената ерозија. Ист е случајот со абразивната ерозија која е всушност предизвикана од езерските бранови во нашата земја.
Македонија е една од со ерозија најзагрозените територии на Балканот. За тоа постојат повеќе причини: долготрајно деструктивно влијание на човекот (уништување на природната вегетација, отсуство на мерки за конзервација на земјоделските почви, неправилна обработка со влошување на физичките својства на почвата); релјеф во кој се сменуваат планини и котлини со појава на стрмни и долги наклони; еродибилност на некои седименти, стени и почви; климатски услови како пороен карактер на врнежите, аридност на климата поради која природната вегетација послабо ја покрива почвата, а уништената вегетација потешко се обновува.
Според извештајот на Европската агенција за животна средина (Оценка на европската животна средина од Добрис, 1995), Македонија е ставена во таканаречената црвена зона на водена ерозија во Европа.
Според Картата на ерозија на Македонија, 96,5 % од целокупната површина е под процес на ерозија. 36,65% од целокупната површина на земјата е зафатена со првите три категории на ерозија (екстремна – 2,7%, висока – 7,1% и средна – 26,8%). Со слаба и многу слаба ерозија зафатени се 59,9% од целокупната површина на земјата.
Годишната загуба на почвата претставува годишно просечно губење на обработливиот почвен слој во дебелина од 20 cm на површина од 8.500 ha, што претставува 17.000.000 m3 загуба на почва секоја година.
Картата на ерозија на Македонија е комплетирана во 1992, но е дигитализирана и публикувана во 2002 година. Припремена е според емпирискиот модел на Гаврилович, според кој постојат пет категории и 12 субкатегории на интензитетот на ерозијата.
- Методологија за пресметка на индикаторот
За проценка на ризикот за ерозија на почвата може да се применат различни методи кои воглавно се делат на проценки базирани на експертиза и проценки базирани на модели.
- Пример на проценка базирана на експертиза е Глобалната проценка на деградација на почвата (GLASOD). Оваа методологија е базирана на добивање на одговори од одредни експерти во сите земји и нејзин главен недостаток е контролата врз објективноста на дадените одговори и примената на разни стандарди од страна на различни експерти во различни региони. Со оваа метода се идентификуваат субјективно региони со слична јачина на ерозијата на почвата, не земајќи ги во обзир условите кои доведуваат до тоа
- Пример за проценка базирана на модел е Пан–европскиот модел за проценка на ризикот за ерозија (PESERA). Овој моделе мошне соодветен за предвидување на степенот на ерозија на почвата, кој ги зема во предвид врнежите и еродираните седименти, дневните врнежи акумулирани во текот на месецот, месечната вегетациска покривка, одредени климатски информации итн.
Хомогени и разбирливи податоци за степенот на ерозија на почвите, вклучително и почвите во нашата земја се оние кои се добиваат со процесот на пресметка и моделирање, при што се користат:
– педолошки карти
– картата на покривка на земјината површина (Corine Land Cover 2000)
– топографски карти
– климатски карти со податоци за температурата
Со препорака на Европската Комисија ерозијата на почвата може да се одреди преку соодветни препорачани методи на моделирање и врз база на методи кои користат експертска проценка
Законска основа
– Закон за животна средина („Службен весник на РМ“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14)
– Закон за земјоделско земјиште („Службен весник на РМ“ бр. 135/07, 18/11, 42/11, 148/11, 95/12, 87/13 , 106/13, 164/13 и 39/14)
– Втор Национален Еколошки Акционен План 2006
– Тематска стратегија за почвата (COM (2006)231)
– Предлог на Рамковна Директива за почва (COM (2006)232)
– Кон Тематската Стратегија за заштита на почвите (CEC, 2002)
Согласно Просторниот план на Република Македонија, aнтиерозивната заштита на просторот треба да се спроведува со комбинирани мерки, како што се:
– наменски насочено користење на површините подложни на ерозија;
– терасирање, интензивно пошумување на ерозивно активните подрачја и нега на шумите;
– уредување на поројните водотеци со градежни објекти;
– посебни мерки за заштита од обрушување, одрони и свлечишта на стрмни падини и речни брегови.
Со уредувањето на поројните текови од I и II категорија на разорност кои опфаќаат 10,15 % од вкупните површини зафатени со ерозивни процеси, ќе се постигне голем придонес во санирањето на ерозивните подрачја и уредувањето на поројните текови.
- JRS (Заедничкиот истражувачки центар)/EEA (Европската агенција за животна средина)/EIONET
Ознака | Име на индикаториот | Усогласеност со CSI/ЕЕА или други индикатори | Класификација по ДПСИР | Тип | Поврзаност со област | Фреквенција на публикување | |
MKНИ 053 | Ерозија на почвата | CLIM 028 | Ерозија на почвата | П | А |
|
Десет години |