Денес, 8 декември, британската амбасадорка Рејчел Галовеј одржа состанокпо повод 5-годишнината од Договорот од Париз, пред Самитот за климатски амбиции кој ќе се одржи виртуелно на 12 декември 2020 година.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, францускиот амбасадор Сирил Баумгартнер, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, постојаната координаторка на ООН Росана Дуџиак и шефот на делегацијата на ЕУ Дејвид Гир, присуствуваа на состанокот за да разговараат за климатските промени, но и за важноста на оваа заедничка цел.
Историскиот Договород Париз кој спаѓа под Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени (UNFCCC) е критичен договор бидејќи за прв пат светските влади се договорија за декарбонизација на глобалната економија. Договорот утврди глобална рамка за ограничување на глобалното затоплување под 2°C и продолжување на напорите за ограничување на 1,5°C до крајот на векот. Пет години од COP21 во Париз, постигнавме меѓународен напредок кога владите ќе треба значително да ги надградат преземените обврски согласно Парискиот договор.
На 12 декември, Обединетото Кралство и Франција ќе бидат домаќини на Самитот за климатски амбиции наООН, во партнерство со Италија и Чиле. Ова ќе обезбеди платформа за лидерите кои се подготвени да излезат со најави за нови, поамбициозни Национални придонеси кон климатски промени (NDCs) и долгорочни стратегии. Ова ќе не води кон неутралена, позелена и поотпорна одржливост.
Росана Дуџиак, постојанта координаторка на ООН, истакна: „Следејќи ја најтоплата деценија до сега, соочувањето со огромните последици од загадување на воздухот по нашето здравје и сведочењето на тешката еколошка деградација се сериозни финални предупредувања за сите нас да сториме нешто за намалување на климатските промени. Постојат остри предупредувања дека мора да дејствуваме веднаш, индивидуално, но и заеднички”.
Разговаравме и за Конференцијата за климатиски промени COP26 на кој Обединетото Кралство и Италија ќе бидат домаќини и којa ќе се одржи во Глазгов следната година. Ова е клучен момент светот да се обедини и повторно да се посвети на поамбициозни активности и цели за да се спречи катастрофалното затоплување на нашата планета.
Веруваме дека младите имаат главна улога во решавањето на климатските промени. Тие треба да бидат вклучени, посветени и слушнати. Пред Конференцијата за климатски промени COP26, во септември 2021 година, ќе се организира настан со млади од италијанското копретседателство во Милано, за да се ангажираат помладите генерации како признание на нивната зголемена вклученост во глобалната акција за справување со климатските промени. Претставниците на новите генерации, исто така, активно ќе учествуваат во преговорите пред Конференцијата за климатски промени COP26. Очекуваме иновативни и нови идеи да бидат исход од ваквата вклученост.
На состанокот се фокусиравме на напредокот на Северна Македонија и ја поздравивме работата на Владата во насока на развој на сопствените амбиции за Конференцијата за климатски промени COP26. Министерот Нуредини најави амбициозни цели во подобрениот План за национални определени придонеси за климатски промени што во моментов е во постапка на усвојување од страна на Владата, како и финализирање на првите нацрти на Долгорочна стратегија и Законот за климатска акција. Зборувавме и за Националната стратегија за енергетика на Северна Македонија и ја охрабривме Владата да ја донесе најзелената опција на Стратегијата што е можно поскоро. Новиот план за имплементација на Стратегијата ќе ги идентификува активностите кои се потребни за да се оддалечиме од производството на енергија со јаглен кон алтернативи како што се сончева енергија, ветер и вода, отворајќи го патот кон почиста, позелена и поодржлива иднина.
На патот кон интеграција во ЕУ, напорите на Северна Македонија да се справи со климатските промени ќе придонесат за колективните напори на Европската Унија. Денес, ЕУ е на пат да ја постигне својата цел во 2020 година за намалување на емисиите на СО2 за 20% во споредба со 1990 година, достигнување на 24% намалување на емисиите во споредба со 1990 година. Европскиот Зелен договор е новиот план за раст на Северна Македонија за раздвојување на економскиот развој од емисии и деградација на животната средина. Ова се рефлектира во Зелената агенда за Западен Балкан, одобрена од целиот Западен Балкан на самитот кој се оддржа во Софија на 10 ноември.
Денес, го славиме она што честопати се нарекуваше „Духот на Париз“ – исклучителната мобилизација на меѓународната заедница што доведе до усвојување на првиот универзален договор за климата. Но, сите гледаме кон иднината. Сите мора заедно да забрзаме и да им покажеме на нашите сограѓани дека не сме го заборавиле ветувањето дадено во Париз пред 5 години. Иднината лежи во зајакнување на заложбите на страните на Договорот, за да се постигнат неговите цели. Во годината што следи, сите ние треба да ја подигнеме амбицијата за климатска акција.