Шукова: МЖСПП ќе ја поддржи иницијативата за прогласување на гео-парк во Демир Капија

Министерството останува поддржувач на добрите иницијативи и на сите други значителни активности во делот на заштитата на природата, истакна во Демир Капија, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на отварањето на дводневната викенд програма за одбележување на Денот на Планетата и Меѓународниот ден на пеперутките. 

Шукова МЖСПП ќе ја поддржи иницијативата за прогласување на гео-парк во Демир Капија

При тоа ја потврди исклучителната важност на граѓанските иницијативи, а особена на оваа  во Демир Капија за прогласување на првиот геопарк во државата, бидејќи посебните природни еко системи и богатите природни гео-форми со кои располага овој локалитет, овозможуваат идеални услови за развивање на поинакви активности не само за поврзување на човекот со природата, туку придонесуваат и за промоција на државата и развој на еко-туризмот. 

viber_image_2023-04-08_15-43-39-397

На настанот присуствуваа и се обратија и градоначалникот на општина Демир Капија Лазар Петров, извршниот директор на бордот на „Макгеопарк“ во основањеЗвонимир Будимировиќ, и координаторот на проектот „Макгеопарк”Игор Ристовски.

Demir Kapija

Овие два дена во Демир Капија во рамки на богатата Програма ќе се организираат многубројни активности за промоција на љубовта кон природата и здравиот начин на живот како што се еколошки работилници за најмладите, игри на отворено, тренинг за еколошко моделирање, изложби, кино на отворено, предавање за пеперутките, адреналински спортови и слично.