(04.08.2015) Денеска во просториите на Владата сe oдржа прес-конференција, на која што Нурхан Изаири, министер за животна средина и просторно планирање, заедно со Владимир Пешевски, заменик на претседател на Владата задолжен за економски прашања и Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово, ја информираа јавноста за активностите кои се преземат на државно и локално ниво за отстранување на последиците од невремето кое го зафати тетовскиот регион.
Согласно заклучокот на деведесет и третата седница на Владата на РМ, формирано ад-хок координативно тело за справување со состојбите и штетите од поплавите предизвикани од обилните врнежи во Тетово и тетовскиот регион со кое што ќе управува заменик на претседателот на Владата Пешевски, министерот Нурхан Изаири и градоначалничката Теута Арифи. Исто така, формирана е и Комисијата за проценка на оштетувањата на недвижниот и движен имот на подрачјата зафатени од поплавите предизвикани од обилните врнежи во овој регион.