Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска оствари средба со трговскиот претставник на премиерот на Обединетото Кралство за Западен Балкан во Северна Македонија, Мартин Викерс на која разговара за зајакнување на соработка помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија во однос на идните можни инвестиции во почисти технологии и реализирањето на климатските амбиции. На средбата присуствуваа и заменик амбасадорката Јулија Смит и директорот за трговија и инвестиции Никола Стојаноски.
Средба на Оџаклиеска со специјалниот трговски претставник на ОК, Мартин Викерс
февруари 16, 2022