СООПШТЕНИЕ

Поради неработење на Испитниот центар и техничката подршка на серверот за спроведување на испитите во испитниот центар, испитната сесија за 2021 година закажана за ден 5.01.2021 година за полагање на испитите за Управител со отпад, Експерт за оцена на влијание на проектите врз ЖС и Експерт за стратегиска оцена е презакажана за ден 14.01.2021 (прв дел-теорија).

Рокот за аплицирање на заинтересираните кандидати се продолжува до 08.01.2021 год., а истите се доставуваат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје.