Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска, во Пробиштип присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новиот фото-волтаичен парк „ТАБ МАК“.
Во своето обраќање, Оџаклиеска ја истакна важноста на транзицијата на енергетскиот сектор кон технологии со низок удел на јаглерод и искористувањето на обновливите извори на енергија, како едни од клучните елементи во имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан.
На отварањето присуствуваа и градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов и амбасадорот на Словенија во Република Северна Македонија, Н.Е. Грегор Прескер.