Денес во присуство на министерот Нурдини и постојниот претставник на УНДП Нарине Сахакијан се одржа состанок на проектниот борд за усвојување на завршните извештаи за 2020 и на работните програми за 2021 на трите проекти:
– Зајакнување на институционалните и техничките национални капацитети за зајакнување на транспарентноста во рамките на Договорот од Париз (проект CBIT);
– Четврт национален план за климатски промени и Трет двогодишен извештај за климатски промени на Република Северна Македонија кон УНФЦЦЦ ;
– Развој на Ревидираниот национален придонес за климатски промени кон Договорт од Париз
На состанокот се реафирмираше заложбата за продолжување на успешната повеќедецениска соработка помеѓу двете институции на полето на климатските промени. Исто така се истакна важноста на двата документа: Трет двогодишен извештај за климатски промени на Република Северна Македонија кон УНФЦЦЦ и Ревидираниот национален придонес за климатски промени кон Договорт од Париз кои се во фаза на усвојување од страна на Владата на РСМ, а кои ќе придонесат не само во исполнување на обврските кон Конвенцијата, туку и на нашите заложби да бидеме дел од европското семејство.
Двата документа се алатка што ги идентификува не само целите и таргетите кон декарбонизација на национaлнaта економија, претставуваат и алатка за зелено опоравување (green recovery) на економијата бидејќи даваат јасна визија за системски промени, засновани се на солидни научни истражувања и ќе овозможат да се смени фокусот од одговор на кризата со КОВИД кон поставување на долгорочна зелена агенда.