(19.03.2018г.) Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули учествуваше на 14-тиот состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој кој денес се одржа во Брисел.
Состаноците на поткомитетот се одржуваат во рамки на Комитетот за стабилизација и асоцијација како форум за разгледување на секторските политики. Дискусијата се одвиваше по следните теми: животна средина, климатски промени, енергетика, регионална политика и транспортна политика.
Состанокот беше претседаван од заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули од македонска страна, и Мари-Тереза Моран од Генералниот директорат за проширување и соседска политика од Европската комисија. На состанокот се дискутираа повеќе теми од областите и воедно беа разменети насоки во однос на степенот на усогласување и усвојување на правото на Европската унија.
Во текот на состанокот, после долго време, беше констатиран прогрес во поголем дел од областите. Исто така, беа усвоени бројни заклучоци на кои Република Македонија треба да се посвети пред закажаниот Самит во Софија кој треба да се одржи во мај 2018 година.