На покана на водечкиот преговарач на Претседателството на Обединетото Кралство #COP26, Арчи Јанг министерот Нуредини во вечерните часови присуствуваше на приемот на шефовите на делегациите организиран од Неговото Кралско Височество Принцот од Велс во уметничката галерија и музеј Келвингров.
Покрај корисните дискусии со повеќето шефови на делегации, министерот Нуредини имаше можност да разговара и со Принцот Чарлс, при што ги потенцираше заложбите на Република северна Макеоднија за постигнување на националните и глобалните цели.
За националите климатски амбиции Нуредини размени мислење и со преговарачот на #COP26, Алок Шарма.