Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ја посети Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, каде одржа состанок со претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа, заменик претседателот Салим Хасани и Хајрула Хасани. На средбата се дискутираше пред се за статусот на Шар Планина, процесот на нејзино прогласување за национален парк и потенцијалот што произлегува од заштитата на ова подрачје. Се разгледуваше можноста за градење на соработка во правец на создавање подобри услови за деловната заедница и обезбедување развој и економски раст на подрачјето и во државата, но со максимална заштита на животната средина. Од страна на СКСЗМ беше претставена нејзината стратегија и економска платформа што ги вклучува Шар Планина и Попова Шапка како многу важни и главни рекреативни точки од кои земјата може да има големи придобивки.