Министерот Изаири на увид во изведбените работи на  пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија

DSC_0614Министерот за  животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, заменик министерот Стево Темелковски и швајцарскиот амбасадор во Р. Македонија Стефано Лазарото денеска ја посетија општина Гевгелија при што остварија работна средба со градоначалникот Иван Франгов.

Во рамките на средбата беше направена обиколка на локацијата каде што ќе се гради пречистителна станица за отпадни води за градот Гевгелија.

Во таа прилика градоначалникот Франгов ги информираше присутните за динамиката и текот на изведбените работи согласно проектниот план.

СЛУЖБА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ