(18.09.2015г) Денес министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири го посети локалитетот каде се изведуваат градежните активности од втората фаза од изградбата на новиот водоснабдителен систем во Тетово.
Системот опфаќа осум и пол километарски довод од собирна комора – “Лешница” до собирна комора – “Студена Река”. Вкупната вредност на договорот е 115 милиони денари обезбедени од Владата на Р. Македонија од кои до сега Министерството за животна средина и просторно планирање има исплатено 67 милиона што е околу 60 % од вкупната вредност на проектот. Во делот на изведбените работи до сега е реализирано 80% од вкупниот проект. Рокот за реализација на проектот е 14 месеци и се очекува негово завршување во декември 2015г.
Со реализација на овој проект ќе бидат обезбедени дополнителни 200 литри во секунда со што ќе се реши еден огромен проблем со кој се соочува населението во Тетово.