Со засилување на инспекциските контроли, кои што ги најави в.д. директорката на ДИЖС, Ана Петровска на денешната прес-конференција, како и со законските измени што ќе овозможат поригорозно санкционирање на загадувачите, на кои во моментот работи МЖСПП, очекуваме позитивни и видливи резултати во животната средина.
Ги поздравуваме засилените напори на ДИЖС кој, како што информираше Петровска, во периодот од 1 до 17 ноември извршил 68 редовни инспекциски надзори, вонредни надзори на 25 инсталации, и издал вкупно 12 решенија за отстранување недостатоци за различни инсталации.
Единствено со продолжување на овој интензитет на контроли, ќе се обезбеди исполнувањето на пропишаните стандарди во дозволите и законите од областа на животната средина.