Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно плнирање Ана Петровска и националниот координатор во EIONET мрежата на Европската Агенција за животна средна (ЕЕА) Светлана Ѓорѓева на 3-ти и 4-ти декември учествуваат на 86-от состанок на Управниот одбор во Брисел. Земјите од Западен Балкан за прв пат добија место и учествуваат во работата на Управниот одбор, а се претставувани од Република Северна Македонија. РСМ преку Македонскиот информативен центар за животна средина на овој начин доби признание за лидерската улога во овие процеси во регионот. Порачувајќи дека европските земји членки имаат што да учат од активностите на Северна Македонија во Агенцијата, претседавачот на Управниот одбор Лора Берк го поздрави учеството на нашата делегација.
Во рамките на работата на Управниот одбор, првиот ден се усвоија важни одлуки, а се трасираше и процесот на усвојување на Стратегијата за работа на Агенцијата до 2030. Во текот на вториот ден се презентираа приоритетите на хрватското и германското претседателство со Советот на ЕУ, особено со предлогот за „Зелениот договор“ на ЕУ и претстојниот Осмиот Акциски план за животна средина.