КОНФЕРЕНЦИЈА: Управување со пакување и отпад од пакување – Како до исполнување на националните цели?

DSC_0996Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири присуствуваше и се обрати на конференцијата на тема: „Управување со пакување и отпад од пакување – Како до исполнување на националните цели?“ која денеска се одржа во просториите на Стопанска комора на Македонија

Конференцијата имаше за цел да ги идентификува состојбите, проблемите и предизвиците, како и да предложи мерки за сите чинители во процесот на управување со отпад од пакување со цел зголемување на стапките на рециклирање на отпад од пакување и достигнување на националните цели до 2020 година.

Во своето обраќање министерот рече:

-Управувањето со отпадот е едно од најважните подрачја од областа на заштитата на животната средина.  За да одговориме на современите барања во годините што се пред нас и со цел да се надмине постоечката состојба и да се воспостави одржлив систем за управување со отпадот кој што е во согласност со барањата на ЕУ, донесен е Законот за управување со отпадот, како основна рамка. Но, исто така донесени се и посебни закони за управување со посебните текови на отпадот како што е и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

DSC_1002

Ја користам оваа прилика да  нагласам, дека добрата и  искрена соработка помеѓу органите на Владата и колективните постапувачи како претставници на бизнис заедницата во Македонија  е од исклучителна важност, како би можеле да ги исполниме целите кои се поставени пред нас, а кои се обврска од националното законодавство, но и обврска која сме ја презеле пред институциите на Европската Унија. Нашата задача е токму таа, Вие како колективни постапувачи да го организирате системот за собирање и рециклирање на отпдот од пакување,  а ние како државен орган одговорен за имплементација и надзор над системот, да донесеме заеднички предлози во функција на заштита и одржлив развој, за општото добро на бизнис заедницата и воопшто на граѓаните во Република Македонија.