„Драго ми е што светот оваа година го одбележува 5 Јуни, денот на животната средина, во знакот на природата. Нашата држава изобилува со природни реткости, ја имаме среќата да сме обдарени со богат биодиверзитет, но истовремено имаме и обврска да го зачуваме. Работиме континуирано на зачувувањето на пределската разновидност и биодиверзитетот во државата, а во изминатиот период одбележавме и низа достигнувања во ова поле. Останува да продолжиме со сериозни напори за остварување на заштитата и одржување на фокусот кон овие активности, зашто сега повеќе од било кога: Време е за природата!“
Изјава по повод 5 јуни – Ден на животната средина Министер Нуредини
јуни 05, 2020