1. Назив на Министерството: Министерството за животна средина и просторно планирање започна со изработка на Закон за климатска акција.
2. Проблем:
Главни проблеми поради кои се пристапи кон изработка на нацрт закон за климатска акција е следното:
– не постојат пропишани правни обврски на органите на државната управа како и на единиците на локална самоупрва за спроведување на активности за климатски акции,
– не постои дефиниран одржлив систем на мониторинг и известување за емисии на стакленички гасови, политики и мерки за намалување и проекции на емисии со кој ќе се овозможи премин од проектно исполнување на обврските кон регуларно известување согласно меѓународни преземените обврски и обврските кои произлегуваат од европскиото законодавство за климатска акција,
– не постои усогласеност на хоризонтално и вертикално ниво за обезбедување на интегрирана климатска акција со цел остварување на среднорочни и долгорочни цели за декарбонизација и зголемена отпорност на најранливите сектори кон промените на климата и
– недостиг на правно регулирани механизми за праведна транзиција кон зелена економија.
3. Цел:
Со изработката на нацрт Закон за климатска акција ќе се придонесе кон:
– зголемување на напорите за зајакнување на глобалниот одговор кон заканата од климатските промени, согласно долгорочната цел на Договорот од Париз,
– воспоставување механизми за следење и известување неопходни за навремено, транспарентно, точно, конзистентно, споредливо и комплетно известување и верификација на информации за специфицирани антропогени емисии на стакленички гасови по извори и отстранување преку апсорбенти, како и преземање на акции за адаптација кон климатските промени,
– воспоставување политики, планирање и преземање на административни мерки, неопходни за ублажување и адаптација кон климатските промени на економичен начин,
– воспоставување на правила со кои ќе се обезбеди ублажување на климатските промени како и обезбедување нивно вклучување во секторските стратешки и плански документи и административни практики за адаптација кон нивните негативните ефекти;
– воспоставување рамка за политики, планирање и административни мерки неопходни за да се намалат емисиите на стакленички гасови од изворите согласно презементите обврски и заложби од меѓународните договори од областа на климатски промени, ратификувани од Република Северна Македонија.
- Временска рамка за изготвување на законот:
– јануари 2023 година – објава на нацрт верзија на законот и нацрт верзија на извештајот за проценка на влијанието на регулативата на Единствениот Национален електронски регистар на прописи во Република Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање,
– јануари – Февруари 2023 година – 60 дена – рок за доставување на забелешки, коментари и мислења и организирање на јавна расправа,
– март и април 2023 година разгледување на доставените забелешки и финализирање на текстот на законот и нацрт извештајот за ПВР;
– мај – јуни 2023 година – доставување на текстот на законот до Владата на Република Северна Македонија.
5. Засегнати страни:
– Министерство за економија;
– Министерство за здравство;
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
– Министерство за транспорт и врски;
– Министерство за финансии;
– Министерство за информатичко општество и администрација;
– Министерство за труд и социјална политика;
– Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања;
– Секретаријат за европски прашања;
– Државен инспекторат за животна средина;
– Агенција за енергетика;
– Агенција за цивилно воздухопловство;
– Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
– Институт за акредитацијана Република Северна Македонија
– Центар за управување со кризи;
– Дирекција за заштита и спасување;
– Електрани на Северна Македонија;
– ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа);
– Стопанска Комора на Северна Македонија;
– Сојуз на Стопански комори;
– Стопанска Комора на Северозападна Македонија;
– Стопанска Комора за енергетика на Република Македонија;
– Македонска академија на науките и уметностите;
– Национален координатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија;
– Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина.
- Начин на вклучување на засегната јавност:
– доставување на мислење по нацрт законот, јавна расправа, организирање состаноци со засегнати страни.
- Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог измените на законот и нацрт Извештајот за ПВР:
- Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:
Адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр.3, Скопје
email: infoeko@moepp.gov.mk
- Одговорно лице за контакт во министерството:
Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, Министерство за животна средина и просторно планирање