Како дел од воспоствената динамика и работен план за активности за надминување на состојбите со намалениот водостој на Преспанското Езеро, денеска се одржа трет состанок на експертската работна група на кој учествуваше и министерот Нуредини.
Имено, на средбата се разгледуваше изработената првичена верзија на Акцискиот план, се дискутираше за понатамошните активности за што поитно негово додефинирање, за да може да се премине кон реализација на конкретни активности.
Експертската работна група направи прелиминарна оценка и анализа на релевантните студии, планови, научни трудови, актуелни анализи и мерења на водостојот на Преспанското Езеро и соодветно ја конципираше првичната верзија на Акцискиот план. На средбата е информирано дека согласно планот, МЖСПП до крајот на месец ноември ќе може да достави до Владата на РСМ „Информација со анализа и акциски план за Преспанското Езеро“ на усвојување, пропратена со временска и финансиска конструкција за имплементација на предложените мерки.